Европа треба да престане да ја смета Русија за закана и да обрне внимание на реалната опасност што доаѓа од зоните на нестабилност на Блискиот Исток, смета претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков.
„Веќе е време ЕУ да го надмине литванско-полскиот пристап кон Русија и да сфати дека заканата не доаѓа од неа, ами од југ – од зоните на војната од Либија до Ирак“, напиша пратеникот на својата страница на Твитер.
Властите на Полска и Литванија многупати истапуваа со остри антируски изјави.
Министерот за надворешни работи на Полска Гжегож Схетина предложи да се воведат нови санкции против Русија, истакнувајќи дека „Русија треба да извлече заклучок, да сфати дека се судрила со единствена, заедничка позиција на целиот свет“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче