Москва ги нарече апсурдни изјавите дека авиони на РФ испорачале во Јемен оружје за бунтовниците-хусити, се вели во коментарот на официјалниот претставник на МНР РФ Александар Лукашевич, пренесува РИА „Новости“.
„Ни го привлече вниманието информацијата на медиумите за изјавите на министерот за надворешни работи на Јемен Риад Јасин за тоа дека руските авиони кои вршеа евакуација на нашите граѓани од таа земја зафатена од конфликт, наводно донеле оружје за бунтовниците-хусити и за малку не го однеле поранешниот претседател Салех“, се вели во соопштението.
Како што истакна Лукашевич, „ако таквите извештаи соодветствуваат на реалноста, тогаш тие апсурдни, неодговорни и провокативни изјави не заслужуваат никаков коментар“.
„Русија во сложени услови се занимава со евакуација на своите граѓани и граѓани на многу други земји, вклучувајќи и на оние кои се дел од антихуситската коалиција. Притоа ние не дозволуваме, како што прават многу други, какво било мешање во внатрешната криза на Јемен“, истакнаа од МНР РФ.
„Очигледно, на министерот за надворешни работи на Јемен кој сега се наоѓа, според нашите сфаќања, во странство, би можеле да му препорачаме да не се занимава со опасно фантазерство, ами да се погрижи за страдањата на цивилното население на Јеменската република, чиј број на жртви секојдневно се брои во стотици. Од своја страна повторно ја потврдуваме неопходноста од реализација на руската иницијатива за воспоставување хуманитарна пауза во Јемен која во моментов се разгледува во Советот за безбедност на ООН“, заклучи Лукашевич.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче