Првиот човек на МНР Јемен Риад Јасин ја повикува Москва да изврши притисок врз приврзаниците на поранешниот претседател Али Абдула Салех за прекин на насилството во земјата наместо да предлага резолуција во ООН за хуманитарно примирје, пренесува РИА „Новости“.
Јасин ја повика Русија „место да предлага резолуција во ООН за хуманитарно примирје, да изврши притисок врз хуситите и приврзаниците на Салех за да го прекинат огнот, насилството против цивилите, како и да го запрат нападот врз Аден и другите градови“. Таквата пауза, според министерот, само „ќе им дозволи на хуситите да го зацврстат постојната статус-кво состојба“.
„Сакаме да им пренесеме на руските власти дека и ние се залагаме за донесување итни мерки од хуманитарен карактер, но и се надеваме дека Русија ќе стори сѐ што е во нејзина моќ за прекин на војната“, изјави Јасин по телефон за агенцијата „Спутник“.
Тој исто так ја повика Москва да ја коментира информацијата дека со авионите со кои беа евакуирани руски државјани од Јемен, наводно била доставена „воена опрема“ за движењето „Ансар Ала“ и приврзаниците на поранешниот претседател Салех.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче