Германија ја повикува Атина да не „флертува“ со Кремљ

Германија е незадоволна од „играта“ на Атина, пишува „Ер-Пе Онлајн“.

Како што информира „Ер-Пе Онлајн“ (RP Online), министерот за финансии на Германија Зигмар Габриел настапил со предлог да се блокираат сметките на  богатите Грци кои избегнуваат плаќање на данокот во татковината. „Ние му предложивме на господинот Ципрас да ги замрзне сметките на богатите граѓани на Грција кои се должи да ги платат даноците на државата“, изјави Габриел.

Според информациите на изданието, ЕУ исто така е подготвена да ѝ даде на Грција помош со неопходен „персонал за развој на Грција“ или да даде финансиска помош врз база на „Планот на Јункер“.  „Но во тој случај новата влада на Грција треба да ја прекине играта која ја води веќе неколку недели“, изјави Габриел, имајќи ги предвид разговорите на Атина со Москва. „Колку и да сакам, не можам да си замислам дека во Атина некој навистина сериозно размислува да се оттргне од Европа и да се фрли во прегратките на Москва“.

Како што пишува изданието, минатата недела „играта“ на грчката влада ја достигна својата кулминација. На 8 април Атина треба да му врати на ММФ 457 милиони евра. Истиот ден премиерот на Грција Алексис Ципрас ќе замине во посета на Москва, веројатно, сакајќи да добие „итен кредит“ од Москва.  

Како што ја коментираше ситуацијата главниот економист на германската банка „Беренберг“ Холгер Шмидинг, „ретко се случувало една нова влада да нанесе толку многу штета за толку кратко време“.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња