Француски контра-адмирал: Сѐ додека постои НАТО, Европа ќе биде вазал на САД

Европа не треба да ја стреми антируската политика на САД, смета Франсоа Журдје, француски контра-адмирал и писател во интервју за радиото „Спутник“.

Време е европските земји да му стават крај на постоењето на НАТО со тоа што ќе излезат од таа организација и ќе тргнат во пресрет на Русија, изјави во интервју за радиото „Спутник“ францускиот контра-адмирал и писател Франсоа Журдје.

Контра-адмиралот смета дека европските земји-членки на НАТО, ја изгубиле независноста по прашањето на донесување на одлуки. Затоа, според мислењето на Журдје, НАТО треба да се распушти, без оглед на тоа што потоа пред Европа ќе се појави прашањето за неопходноста од создавање сигурна одбрана.

„Сѐ додека постои НАТО, ништо нема да се смени и Европа ќе остане вазал на САД“, потенцира Журдје.

Тој смета дека Европа не треба да ја поддржува антируската политика на САД, а предлогот на Украина да склучи договор за асоцијација со Европската унија, како што тоа беше направено во Вилнус без да биде консултирана Русија, контра-адмиралот го оценува како провокација.

„САД имаат за цел да ја спречат Русија одново да стане голема суперсила. Тоа воопшто не е во интересите на Европа, за која Русија треба да биде партнер, со која Европа има многу заеднички интереси... Украина е уништена и корумпирана држава, јас не сфаќам што ќе ѝ е на Европа таков товар“, истакнува Журдје.

Контра-адмиралот е убеден дека Европа треба да воспостави нормални односи со Русија.

„Лично мислам дека Европа треба да си ја врати независноста и да се зближи со Русија, која ѝ е потребна од гледна точка на енергетските ресурси и која претставува важен пазар за европските производи. Сметам дека санкциите против Русија се контрапродуктивни“, заклучува Журдје.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.