Како што пишува во „Ди Велт“ (Die Welt) американскиот политиколог Волтер Лакер, денес Русите постепено почнуваат да сфаќаат дека западните санкции, падот на рубљата и цената на нафтата го ставаат под сомнение постигнувањето статус на суперсила на Русија, сепак „дел од владејачката класа и политичката интелигенција верува дека агресивната надворешна политика ќе може да ја компензира економската слабост“.
Според податоците од јавните испитувања, мнозинството Руси ја сметаат Русија за суперсила, Западот – за повлечен и изолиран, за ширењето на НАТО и ЕУ до границите на Русија - за запрено, пишува Лакер. Приближно истата ситуација ја гледаат и водечките руски експерти. На пример, политикологот Сергеј Караганов се придржува до мислењето дека слабеењето на Западот треба да се поздрави, меѓутоа истовремено тоа треба да има економски и политички последици. Русија треба да врши врз Украина не воен, ами политички и економски притисок. Такво е мислењето на луѓето со умерени политички убедувања, „партијата на мирот“.
Но, како што пишува Лакер, во Русија исто така присуствува и „партија на војната“ според која е дојдено времето „не само за одмазда врз Западот за распадот на ССС, но и за враќање на поранешното влијание“. Тие кругови сметаат дека ризикот не е голем, дека НАТО го растргнуваат противречности, а во САД преовладуваат изолационизам или дури и дефетизам. „Ако Америка не може дури ни да разработи стратегија за Сирија, тогаш сигурно нема да реагира на локалното избувнување изблик на насилство во Источна Европа“, објаснува Лакер. „Ако таква реакција не следи, тогаш е можно дека тоа ќе го означи крајот на НАТО и намалување на престижот на САД во целиот светот“ истакнува експертот.
Не толку одамна, по студената војна, на Запад мислеа дека демократијата постепено ќе триумфира над сите други форми на владеење, пишува Лакер. „Тоа мислење се покажа премногу оптимистично. Авторитарниот менталитет на руските властодршци и нивните поданици, очигледно, може да се надмине само со посредство на културна револуција која до ден-денес се нема случено“, констатира политикологот.
Според него, „самокритиката во Русија одамна излезе од мода: ако нешто не оди како што треба, тогаш за сѐ се виновни „странците“. Во Русија е длабоко вкоренето „чувството за живот во опсадена тврдина“. Кога би го немало тоа, тогаш би немало на што да се базира „авторитарниот режим, многубројните забрани и жртви“. „Затоа надежите за помирување меѓу Русија и Западот во денешно време остануваат замаглени“, резимира авторот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче