„Ростех“до 2020 година ќе ја обезбеди Русија со вакцини од домашно производство

„Ростех“ до 2020 година ќе ја обезбеди Русија со свои вакцини против пневмокока и детска парализа, соопшти генералниот директор на „Нацимбио“ Николај Семјонов, пренесува РИА „Новости“.

Државната корпорација „Ростех“ до 2020 година ќе ја обезбеди Русија со свои вакцини против пневмокока и детска парализа, соопшти генералниот директор на имунобиолошкиот холдинг „Нацимбио“ Николај Семјонов, пренесува РИА „Новости“.

Тој изјави дека таквите болести постојано „мигрираат“ во Русија од Средна Азија или Блискиот Исток. Според него, во моментов 100% од вакцините се произведуваат во странство, без оглед на тоа што низа производители зборуваат за локализација – „сето тоа се состои во конечниот изглед на пакувањето на препаратите“.

„До 2020 година 100% од овие вакцини ќе се произведуваат на територијата на Русија. Исто така,  „Нацимбио“ до 2020 година ќе произведува 100% крвни препарати кои се толку неопходни за центрите за операција, за изгореници, за инфективните одделенија, т.е. во моментов во случај на криза или напад однадвор ние зависиме на полето на набавка на препарати на крв зависиме од потенцијалниот противник“, изјави Семјонов.

Од „Ростех“ исто така објаснија дека лекот „Интерферон“, неопходен за зајакнување на имунитетот, кој Министерството за одбрана го набавува секоја година, ќе се произведува исклучително во Русија.

Според зборовите на Семјонов, денеска 87% од потребите на Федералната служба за извршување на санкции, чии структури се сметаат за најголеми жаришта на туберкулоза според бројот на заразени и по раширеност, веќе се обезбедени со вакцини против туберкулоза.

„Следен чекор е обезбедување на Националниот календар за превентивна вакцинација со цел комплет вакцини од руско потекло: од производство на вакцина до пакувањето, т.е. создавање до 2020 година претпријатија со целосен циклус на производство, претпријатија кои нема да зависат ни од стабилноста во светот, ни од курсот на основните валути, што претставува гарант на сигурноста на претпријатијата“, објаснија од „Ростех“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња