Полска ѝ е благодарна на Руската Федерација за помошта во евакуацијата на полските граѓани од Јемен, пренесува РИА „Новости“.
„Во врска со нагло влошената ситуација од Јемен беше евакуирана група полски граѓани со нивните семејства“, изјави официјалниот претставник на МНР Полска Марчин Војчеховски.
„Министерството за надворешни работи на Полска ѝ изразува благодарност на Руската Федерација за евакуацијата на 20 лица што беше спроведена по воздушен пат од Сана до Москва. Ние сме ѝ благодарни на руската страна за подготвеноста да се помогне во напуштање на Јемен на група Полјаци кои сѐ уште немаат донесено таква одлука“, истакна Војчеховски.
Според него, на сите евакуирани Полјаци во РФ им се укажува неопходната конзуларна помош од страна на полските конзули во Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче