Морнар раскажа за несреќата на рибарскиот брод

Рибарскиот брод „Далечен Исток“ пред потонувањето почнал да се навалува – на бродот имало премногу риба, а немало доволно баласт, изјави машинистот на бродот Дмитриј Дмитриевич, пренесува „Интерфакс“.

Рибарскиот брод „Далечен Исток“ пред потонувањето почнал да се навалува – на бродот имало премногу риба, а немало доволно баласт. Ова го изјави еден од спасените членови на екипажот машинистот Дмитриј Дмитриевич, пренесува „Интерфакс“.

Според зборовите на морнарот, бродот почнал да се навалува поради големото количество риба што го носел бродот, а истовремено резервоарите за баласт биле празни.  „Немаше со што да се исправи. Навалувањето беше сѐ поголемо и поголемо. Имаше бура. И почна неповратен процес“, истакна Дмитриевич.

Заменик-претседателот на владата на Сахалинската област Сергеј Шередекин претходно соопшти за слична верзија: „Моето мислење е, и како што кажуваат морнарите: на бродот резервоарите за гориво се наоѓале долу, како и баластот, и во нив не треба помалку од 250 тони гориво за рамнотежа на бродот. А имало помалку од 100 тони, изјави тој.

Денеска вршителот на должноста губернатор на Сахалинската област Олег Кожемјако изјави дека причина за несреќата е прекршувањето на прописите за безбедност и морска пловидба од страна на екипажот и капетанот на бродот.

„Затоа што, според првичните информации, јас разговарав со капетаните, бродот веќе бил со нулта или негативна стабилност кога резервоарите во кои се полни горивото, фактички биле празни: имало вкупно 57 тони гориво, во резервоарот немало баласт со пресна вода, го кренале товарот со риба и секое движење, секое свртување довело до големо навалување“, ги цитира РИА „Новости“ неговите зборови.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња