ММФ со полоша прогноза за економскиот раст во Русија

Меѓународниот монетарен фонд ја влоши прогнозата за економскиот раст во Русија во 2015 година од 3,0% на минус 3,8% БДП, соопштија извори во Вашингтон.

Меѓународниот монетарен фонд ја влоши прогнозата за економскиот раст во Русија во 2015 година од  3,0% на минус 3,8% БДП, соопштија извори во Вашингтон повикувајќи се на извештајот на ММФ чија презентација е планирана за 14 април.

Што се однесува до инфлацијата, во новиот извештај на ММФ таа се проценува да биде 16,8% во 2015 година, а за идната година се очекува нејзино снижување на 9,8%.  Меѓутоа во Фондот овој показател го пресметуваат по сопствена методика: просечно за година, а не „од декември до декември“, како во Русија.

Од Министерството за економски развој претходно наведоа како ориентир минус 3,0% БДП. Истовремено Светската банка на 1 април објави во Москва исти очекувања како и кај ММФ – пад за 3,8%.

Министерството за економски развој на Русија во базичната варијанта за макроекономската прогноза очекува раст на БДП во 2016 година за 2,3%, во 2017 и 2018 година - по 2,5%.

Централната банка на Русија е помалку оптимистична во однос на следните две години, прогнозирајќи во основното сценарио пад на БДП за 3,5-4% во 2015 година и за 1-1,6% во 2016 година, но веќе во 2017 година очекува пораст за 5,5-6,3%.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња