Лавров: Кризата во Украина не може да биде решена со воени средства

Русија и Словачка го делат ставот дека украинската криза не може да биде решена со воени средства, изјави денеска Сергеј Лавров по состанокот во Братислава со својот словачки колега Мирослав Лајчак, пренесува ТАСС.

Русија и Словачка го делат ставот дека украинската криза не може да биде решена со воени средства, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по состанокот во Братислава со својот словачки колега Мирослав Лајчак, пренесува ТАСС.

„Убеден сум, ние ги делиме ставовите за она што е поврзано со неопходноста за целосно почитување на Минската спогодба од 12 февруари, вклучувајќи го решавањето на најклучните хуманитарни проблеми, прекин на економската блокада на ДНР и ЛНР и спроведување на уставна реформа“, изјави Лавров, кој престојува во Братислава по повод одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето на главниот град на Словачка.

Страните вклучени во конфликтот во Украина, како и ОБСЕ, разговараат за тоа што може да биде направено, а што не е опфатено со Минската спогодба, рече Лавров и додаде дека постои можност за повлекување на вооружувањето со калибар под 100 мм од линијата на фронтот, со што би се зајакнала довербата во прекинот на огнот.

Тој исто така го критикуваше законот за статусот на источна Украина, донесен од украинскиот парламент, наведувајќи дека тој е во спротивност со спогодбата од Минск.

Првиот човек на МНР РФ исто така се осврна и на односите меѓу Русија и ЕУ/

„Зборувајќи за односите со ЕУ, ние забележавме полезна соработка во форматот на „шесторката“ меѓународни посредници за Иран. Ние сме убедени дека потполното нормализирање на односите меѓу Москва и Брисел ќе овозможи исто толку ефикасно да соработуваме во други насоки на меѓународната политика, вклучувајќи ги Блискиот Исток и Северна Африка, ситуацијата во Сирија, Ирак, Либија, Јемен и во други насоки“, изјави министерот по завршувањето на средбата со својот словачки колега Мирослав Лајчак.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња