АвтоВАЗ, ГАЗ и КамАЗ водат преговори за склопување на автомобили во Иран, соопшти Министерството за економски развој на Русија.
„Во моментов низа руски автомобилски компании водат преговори со иранската страна во врска со организација на склопување на руски автомобили во Иран (ОАО „АвтоВАЗ“, ГАЗ, во почетна етапа – КамАЗ). Сепак, конкретен договор сѐ уште не е постигнат“, изјавија од МЕР, одговарајќи на прашањето како се одвиваат преговорите за организирање производство на руски автомобили во Иран наспроти очекуваното укинување на санкциите против Исламската република Иран, пренесува ТАСС.
На крајот на ноември Министерот за економски развој на Русија Алексеј Уљукаев информираше дека иранскиот бизнис сака да организира склопување на руски автомобили во земјата. Според него, исто така се разгледуваат и проекти за изградба на фабрика за производство на алуминиум, склопување на автобуси, товарни возила, вагони, земјоделска механизација, итн.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче