„Обединетата корпорација за производство на инструменти“ (дел од „Ростех“) и Московскиот авијатички институт (МАИ) планираат да пристапат кон создавање вештачко срце веќе оваа година, изјави за РИА „Новости“ раководителот на одделот за разработка и производство на медицинска опрема на ОПК Александар Кулиш.
Тој објасни дека постојните прототипови претставуваат надворешен уред кој овозможува да се замени органот до моментот на пресадувањето на срце. Предвидениот апарат ќе може да му обезбеди на пациентот соодветен живот, „не преживување пред операцијата, ами квалитетен живот со ново срце“.
„Заедно со МАИ се обидуваме да го почнеме проектот за создавање вештачко срце. Постојат два типа такви разработки – на постојан крвоток и на импулсивен. Во Русија има разработки на постојан крвоток, животот на пациентот со такво срце е мошне мал. Ние всушност зборуваме за импулсивен крвоток, каде се реализира механизам максимално близок до природниот, кога срцето ја пумпа крвта во делови“, раскажа Кулиш.
Тој исто така изјави дека корпорацијата смета да почне со работа уште годинава, притоа, според него, за 5 години може да се појави биотехнологија која ќе овозможува да се култивира живо срце, поради што не може да се дефинира колку актуелно ќе биде вештачко срце до моментот на завршување на разработката.
„Од гледна точка на развој на технологија, тоа во секој случај ќе биде оправдано. Дури и ако едноставно се продадат технологии за имплантација на пумпа во организмот на човекот, технологии за регулирање на работата на срцевите залистоци и обратната врска, соодветен софтвер“, убеден е Кулиш.
Тој потсети дека корпорацијата веќе го разработува првиот руски трикоморен кардиостимулатор кој успешно ги мина првичните испитувања и, според планот, треба да биде готов веќе на крајот на годината.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче