Масовни оперативно-стратешки вежби на внатрешната војска на МВР Русија „Заштита-2015„ се одржуваат на територијата на шест федерални окрузи, вклучувајќи го и Крим. Ова го изјави за ТАСС раководителот на прес-службата на внатрешните трупи на МВР Русија Василиј Панченков.
Тој истакна дека вежбите се одржуваат од 2 до 10 април под раководство на првиот заменик-министер – командантот на внатрешната војска на МВР Русија генерал-полковник Виктора Золотов.
„Темата на вежбите е примена на трупите (силите) при усложнета оперативна ситуација во регионите на РФ. Изборот на темата е поврзан со новите закани по внатрешната безбедност на државата и директно е условен од федералниот закон за внатрешните трупи“, изјави Панченков.
Според него, оперативно-стратешките вежби се одржуваат на териториите на Северно-западниот, Централниот, Приволжскиот, Севернокавкаскиот, Јужниот и Кримскиот федерален округ. Во нив се вклучени околу 40 илјади души, како и околу 1,5 илјада парчиња воена и специјална техника.
Панченков напомна дека согласно законот на внатрешната војска ѝ е наложена низа задачи, меѓу другото и учество заедно со органите за внатрешни работи во обезбедувањето на државниот поредок и обезбедувањето на јавната безбедност, учество во борбата против тероризмот, обезбедување на важни државни објекти и специјални товари, учество во територијалната одбрана на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче