Руски фонд го носи благодатниот оган во Белград

На Велика сабота, 11 април, со специјален лет од Тел Авив во Србија првпат ќе пристигне благодатниот оган.

На Велика сабота, 11 април, со специјален лет од Тел Авив во Србија првпат ќе пристигне благодатниот оган. Во Русија во текот на последните години стана обичај од Храмот на  Светиот Гроб во Ерусалим да се пренесе благодатниот оган  во Москва. Оваа година официјална делегација на СПЦ првпат ќе се упати во Ерусалим заедно со руската делегација да учествува во пречекот на благодатниот оган, јавува „Руски експрес“.

Официјалното учество во на Велигденските свечености во Ерусалим е организирано од „Фондот на Андреј Првовенчаниот“ од Москва и „Центарот на национална слава“ од Санкт Петербург.

Донесувањето на благодатниот оган со специјален лет од Ерусалим во Белград го организира московскиот „Фонд на свети Василиј Велики“. Во своето обраќање основачот на фондот Константин Малофеев истакнува: „Чудото на слегувањето на благодатниот оган и неговото пренесување од Црквата на Христовото Воскресение во сите делови на светот има длабоко симболично значење: за нас оваа светлост е опиплив доказ за Воскреснувањето Христово кое го обновува  внесува животот во целата Вселена“.

Освен во Белград, благодатниот оган ќе биде предаден и на православните верници во Црна Гора, Република Српска и Хрватска.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња