Првиот човек на Синодскиот оддел за односи меѓу црквата и општеството, протојерејот Всеволод Чаплин предложи да се создаде во Русија политички систем кој ќе биде комбинација од монархија и социјализам, пренесува „Интерфакс“.
„Државноста, праведноста и солидарноста се трите вредности врз чија основа ние треба да изградиме систем кој би ги обединувал монархијата и социјализмот“, смета Чаплин.
Според него, Русите имаат симпатии и за идеалите на социјализмот, и на монархијата. Затоа е неопходно да се брани правото да се има централна власт и социјална држава „ориентирана не едноставно кон потребите на човекот, ами на неговото мислење, соборниот глас, колективниот разум“.
Покрај тоа, Чаплин смета дека во Русија народот и власта секогаш биле единствени. „Спротивставеноста на народот и власта ни е наметната, туѓа идеја за нас. Но тоа единство на народот и власта е незамисливо без верата, токму затоа вредноста на верата се јавува како средиште“, додаде протојерејот.
Во јануари 2015 година Чаплин изјави дека руската цивилизација е таа која треба да ја запре пропаста на светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче