МНР РФ: Јакнењето на силите на НАТО во Источна Европа е опасен потег без преседан

Распоредувањето на техниката на НАТО на територијата на Романија е прекршување на договорот на РФ со Алијансата, истакна официјалниот претставник на МНР РФ Александар Лукашевич.

Зајакнувањето на силите на НАТО во Источна Европа е опасен потег без преседан со кој се прекршуваат спогодбите на РФ со Алијансата, изјави портпаролот на МНР РФ Александар Лукашевич, коментирајќи ја подготвеноста на Романија да распореди техника на НАТО на својата територија.  

„Зајакнувањето на силите на НАТО на источното крило, или како што се вели денеска, во „државите покрај фронтот“ е опасен потег без преседан со кој се кршат сите замисливи и незамисливи спогодби, а пред сѐ основниот документ Русија-НАТО, кој е до ден денес на сила“, изјави Лукашевич, а пренесува ТАСС.    

Тој потсети дека, според тој документ, „постои обврска да не се зголемуваат значително вооружувањето и борбената техника, таканаречените борбени сили“. Дипломатот истакна дека засега не е прецизирано што се подразбира под терминот „значително зголемување на борбените сили“, иако Русија инсистирала на разјаснување на оваа формулација.  

Во недостиг на јасност за што се работи овде, ако владата на Романија смета дека е можно зајакнување на присуството на НАТО формациите на нејзина територија, помеѓу другото и по пат на создавање таква моќна „вооружена тупаница“, треба едноставно да биде свесна за одговорноста и последиците од таквиот потег за безбедноста на овој регион“, изјави Лукашевич. 

„Ние повеќепати истакнувавме дека овде треба да дејствува принципот на заемно одвраќање“, истакна тој. „Ако е така, тогаш треба да се знае дека Руската Федерација го задржува правото да го има да предвид овој значаен фактор во текот на своето воено планирање“; истакна официјалниот претставник на МНР РФ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња