Франција, Германија и Полска се загрижени поради излегувањето на Русија од ДКВСЕ

Франција, Германија и Полска се загрижени поради излегувањето на Русија од Заедничката консултативна група за Договорот за конвенционални воени сили во Европа, се вели во коминикето на министрите за надворешни работи во „Вајмарски формат“ по состанокот денеска во полскиот град Вроцлав.

Франција, Германија и Полска се загрижени поради излегувањето на Русија од Заедничката консултативна група за ДКВСЕ, се вели во коминикето од средбата на министрите за надворешни работи во „Вајмарски формат“ што се одржа денеска во полскиот град Вроцлав. Текстот на коминикето е објавен на веб-локацијата на МНР Германија, пренесува РИА „Новости“.

„Франција, Германија и Полска се загрижени поради излегувањето на Русија од Заедничката консултативна група... за Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (ДКВСЕ), се вели во коминикето.

„Тоа е уште еден алармантен сигнал испратен од Москва кој не придонесува за воспоставување доверба и сигурност на нашиот континент, туку уште повеќе ја ослабува безбедносната архитектура во Европа“, се истакнува во изјавата по завршувањето на средбата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.