Руските државјани кои се наоѓаа во Сана, Јемен, пристигнаа во Москва, пренесува „Взгљад“.
По слетувањето на авионите, лекарски екипи ја проверија состојбата на 160 патници.
До руската амбасада се обратиле и државјани на други земји. Во Москва долетаа не само Руси, туку и граѓани на Полска, Летонија, Белорусија, Канада, Узбекистан и Украина кои немале друг начин да го напуштат Јемен.
„Благодарение на МВС и МНР на Русија ние се вративме, голема благодарност до нив“, раскажа државјанинот на Украина Тарас Јармаков, кој работел во Јемен како авио-техничар.
Патниците беа евакуирани по вториот обид: Русија испрати авион во Сана уште во средата, но авионот не можеше да слета во главниот град на Јемен поради немање дозвола од коалицијата на чело со Саудиска Арабија.
Освен тоа, во средата шиитските бунтовници го нападнаа генералниот конзулат на Русија во Аден и го ограбија. Во врска со тоа МНР РФ соопшти дека работата на руското дипломатско претставништво во Аден е запрена. Истовремено вработените во генералниот конзулат на Русија во Јемен заедно со 20 Руси со постојан престој во Јемен уште на 31 март го напуштија Аден и заминаа за Република Џибути.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче