Словенeчка компанија во соработка со „Гаспром“ планира да изгради фабрики во Словенија и во Србија

Словенечката компанија Comita заедно со „Гаспром“ планира изградба на две фабрики за производство на течен природен гас во Словенија и Србија, изјави директорот на одделението на компанијата „Комита“ за Русија и Заедницата на независни држави Небојша Јанковиќ во интервјуто за корпоративното издание на „Гаспром“.

Словенечката компанија „Комита“ (Comita) заедно со „Гаспром“ планира изградба на две фабрики за производство на течен природен гас во Словенија и Србија, изјави директорот на одделението на компанијата „Комита“ за Русија и Заедницата на независни држави Небојша Јанковиќ во интервјуто за корпоративното издание на „Гаспром“.  

„Денес течниот гас на Балканот доаѓа од терминалите во Барселона, Истанбул или Амстердам. Ние планираме да изградиме две фабрики за производство на течен гас – во Словенија и во Србија. Ако ни појде од рака заедно со „Гаспром“ да ги изградиме овие фабрики и да ја створиме потребната инфраструктура, предвидуваме дека ќе дојде до нагол пораст на бројот на потрошувачи“, изјави Јанковиќ. 

„Словенци се штедливи луѓе и нашиот проект веќе предизвика голем интерес. Дотолку повеќе што во оваа земја практично и нема пумпи за гас“, додаде тој. Јанковиќ изјави дека тоа ќе ја поттикне гасната диверзификација на Балканот. „Сметаме дека капацитетите на фабриките за производство на природен течен гас во Словенија и Србија ќе овозможат да се обезбеди самостојна гасификација на Македонија и Грција. Таму нема многу гасоводи, а автономната гасификација е крајно неопходна“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.