Порошенко забрани филмови и серии за руската војска и полиција

Претседателот на Украина Петро Порошенко го потпиша законот со кој се забранува во Украина прикажување филмови и серии во кои се популаризираат руската војска и полиција, пренесува ТАСС.

Претседателот на Украина Петро Порошенко го потпиша законот со кој се забранува во Украина прикажување филмови и серии во кои се популаризираат руската војска и полиција.

„Забрането е секакво ширење (прикажување) во Украина на сите филмови (од аудиовизуелна продукција) во кои постои популаризација, агитација, пропаганда итн. На било какви дејствија на полицијата, вооружените сили и воените формации на држава-окупатор“, се наведува во законот, а пренесува ТАСС.

Во образложението што го придружува документот се наведува дека прикажувањето на ваква аудиовизуелна продукција „ја загрозува националната безбедност на Украина и негативно влијае на борбениот дух на украинската војска“.

Пратениците на Врховната рада го изгласаа овој закон на 5 февруар. Еден месец подоцна, на 5 март, Украина забрани прикажување на 20 руски филмови. Меѓу нив се : „Снајперист“, „Засилен марш“, „Козак“, „Ѝ служам на Татковината“, „Лето на волци“, „Господа офицери“, „Магла“, „СМЕРШ“ и други. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.