Московското метро минатата година со 2,5 милијарди патници

Московското метро го достигна врвот во светот сo 2,5 милијарди превезени патници минатата година, изјави раководителот на московското метро Дмитриј Пегов, пренесува „Интерфакс“.

Московското метро го достигна врвот во светот сo 2,5 милијарди превезени патници минатата година, изјави раководителот на московското метро Дмитриј Пегов на состанокот на Комитетот за прописи на Советот на Федерацијата, пренесува „Интерфакс“.

„Московското метро транспортираше 2,49 милијарди патници минатата година. Нашиот патнички сообраќај го достигна нивото на најголемите транзитни системи во светот, како на пример, метрото во Шангај. Во споредба со други метра, нашиот сообраќај е многу интензивен и интервалите меѓу возовите се помали од 90 секунди во шпицот“, изјави Пегов.

Просечниот дневен сообраќај во московското метро е 8 милиони, истакна тој. „Поставивме рекорд од 9,7 милиони патници на 29 декември 2014 година. Капацитетот на возовите во метрото надминува 9,5 лица на метар квадратен во шпицот, и 4,4 лица на метар квадратен во останатите периоди“, изјави Пегов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.