Кремљ: Русија никогаш не се заканила со нуклеарни бомби поради Крим

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ги опиша информациите во британските медиуми дека Москва се заканува со употреба на своите нуклеарни сили како „класичен пример за демонизација на Русија“.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ги опиша информациите во британските медиуми кои тврдат дека Москва се заканува дека ќе ги употреби своите нуклеарни сили доколку се направат обиди за враќање на Крим на Украина или доколку НАТО го зајакне своето присуство во балтичките земји како „класичен пример за демонизација на Русија“.

„Ова е класичен пример за хистеричната демонизација на нашата земја што се одвива во моментов, всушност тие самите ја надувуваат ситуацијата во информативната сфера, а тоа го прават не врз некоја конкретна информација и потоа се плашат од она што го напишале“, изјави Песков денеска, а пренесува РИА „Новости“.

„Овие објави не можат да се сметаат за сериозни“, изјави тој.

Русија никогаш не се заканувала дека ќе ги употреби своите нуклеарни сили поради настаните на Крим, и тие што го тврдат ова очигледно не успеале да се запознаат со забелешките на Путин во филмот што се прикажа неодамна „Крим.Патот за дома“, рече Песков.

„Се разбира не (Русија не се заканила дека ќе го стори тоа). Всушност, претседателот исто така изјави во врска со тоа, доколку се сеќавате на филмот за кој толку многу се зборува и кој луѓето го толкуваат на секој можен начин но не се обидуваат да го погледнат повторно оваа или онаа сцена или да го прочитаат транскриптот“, рече Песков.

„Нема ни што да се толкува тука“, изјави Песков. „Треба само да се повикате на примарниот извор, односно, на зборовите на претседателот“.

„Тајмс“ и “Индепендент“ известија денеска повикувајќи се на “белешки од таен состанок меѓу разузнавачи од Москва и Вашингтон“ дека Москва ја користи заканата од „нуклеарен судир за балтичките земји за да се присили НАТО да се повлече подалеку од границите на Русија“.

Медиумите исто така тврдеа дека Москва се заканила дека ќе ги употреби своите нуклеарни сили во случај на обид за враќање на Крим на Украина или во случај на испорака на оружје за Киев од членки на НАТО. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.