Намалувањето на трговската размена меѓу Русија и Италија како резултат на воведувањето на економските санкции против РФ е еднакво на катастрофа која продолжува да се зголемува во својот обем, пишува италијанскиот весник „Ил Норд“ (Il Nord).
Според податоците на изданието, мината година трговската размена меѓу двете земји се намалила за 17% годишно, а извозот се опаднал за 11,6%. Најмногу се одразил падот на извозот врз прехранбената и текстилната индустрија – обемот на испорака во РФ минатата година се намалил за 38% и 16% соодветно. „Страшната“ тенденција продолжила и во 2015 година – во јануари продажбата на италијански производи во РФ се скратила за 36,7%, истакнува весникот.
„За кратко време ние уништивме години работа на италијанските претприемачи“, ги цитира изданието зборовите на претседателот на Советот на директори на „Банка Интеза“ Антонио Фалико. Тој исто така истакна дека меѓу нив постојат сфери на производство “во кои италијанските компании не можат да се снајдат без рускиот пазар“, но и Италија „претставува стратешки партнер на Русија“.
Како што се истакнува во статијата, намалувањето на експортот во Русија станува една од причините за продолжување на економската криза и зголемување на невработеноста во Италија. „И потполно е очигледно кој ја сноси одговорноста за таа неправедна и нестабилна ситуација – тоа е италијанската влада која место да се откаже, сепак ги потпиша санкциите против Русија по желба на администрацијата на Обама (…)".
Според мислењето на авторот на статијата, премиерот на Италија Матео Ренци, одобрувајќи го воведувањето на антируските санкции, ја „игнорирал“ штетата која ќе мора да ја претрпат италијанските компании.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче