Американски сенатори побараа од ФИФА да ѝ го одземе на Русија СП-2018

Група американски сенатори побараа од претседателот на ФИФА Сеп Блатер да ѝ се одземе на Русија правото на организација на светското првенство во фудбал во 2018 година, соопшти „Ројтерс“.

Група американски сенатори му напиша писмо на претседателот на ФИФА Сеп Блатер со барање да ѝ се одземе на Русија правото на организација на светското првенство во фудбал во 2018 година, соопшти „Ројтерс“.

„Одржувањето на светското првенство во Русија неумесно го зацврстува престижот на режимот на Путин во време кога треба да биде осудуван“, гласи текстот на писмото.

Според мислењето на сенаторите, одржувањето на светското првенство дава дополнителни економски можности во време кога значителен дел од меѓународната заедница воведе економски санкции против Русија. Под писмото стојат потписите како на сенатори-демократи, така и на сенатори-републиканци, меѓу кои е и поранешниот кандидат за претседател на САД Џон Мекејн.  Копија од писмото беше испратена и во фидбалската федерација на САД. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.