56 жртви по потонувањето на руски рибарски брод во Охотско море

Бројот на загинати по потонувањето на рускиот рибарски брод „Далечен Исток“ во Охотското море порасна на 56, пренесува ТАСС.

Бројот на загинати по потонувањето на рускиот рибарски брод „Далечен Исток“ порасна на 56. Ова го изјави за ТАСС претставник на Министерството за вонредни состојби за Камчатскиот крај. Првично беше објавено дека од водата се извлечени тела на 54 загинати.

Според зборовите на претставникот на министерството, сѐ уште се трага по 13 лица кои биле на потонатиот брод. Според последните информации, спасени се 63 морнари. Евакуацијата на преживеаните на бродот „Андромеда“ сѐ уште трае.

Рибарскиот брод „Далечен Исток“, на кој имало 132 луѓе, потона во Охотско море ноќта на 2 април. Според првичните информации, на бродот имало 78 Руси и 54 странци (информациите за нивното државјанство се различни).

Според првиот човек на МВС на Русија Владимир Пучков, истрагата разгледува над десет верзии за несреќата. Сепак, од Истражниот комитет на Русија претходно изјавија дека приоритетна верзија на која работат е „можен судир со пречка поради што дошло до оштетување на трупот на бродот во делот кај машинското одделение“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.