Американскиот весник „Вол Стрит Џурнал“ пишува дека на локалните избори во Франција мнозинство гласови (54,6%) освоиле партиите чии лидери ја поддржуваат политиката на претседателот на Русија Владимир Путин, пренесува РИА „Новости“.
Изданието истакнува дека сопартијците на поранешниот претседател на Франција Никола Саркози, кој е убеден дека РФ е „природен партнер на Франција“ добиле 29,4% гласови во првиот круг на гласање. За „Националниот фронт“ на чело со Марин Ле Пен кој многупати ја повика земјата на стратешко партнерство со Русија, во првиот круг гласаа 25,2% од избирачите.
Како што пишува весникот, популарноста на Саркози и Ле Пен кои позитивно се однесуваат кон курсот на Владимир Путин е поврзана со тоа што мнозинството Французи ја поддржуваат идејата дека на Франција ѝ е потребен силен политички лидер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче