Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот за формирање Федерална агенција за националности, соопшти вчера, 31 март, прес-службата на претседателот, а пренесува РИА „Новости“.
Претходно на средбата со премиерот на РФ Дмитриј Медведев претседателот соопшти дека истиот ден ќе се запознае со указот за формирање на агенција за националности и ќе го потпише.
На 13 март 2015 года претседателот на РФ Владимир Путин му наложи на премиерот Дмитриј Медведев до 15 април да го разгледа и да достави предлози за формирање Федерална агенција за националности која ќе ги решава следниве задачи: реализација на државната политика во сферата на меѓунационалните и меѓуверските односи; реализација на мерки наменети за зацврстување на единството на мултинационалниот народ на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче