Уделот на Русија во банкарскиот капитал на БРИКС ќе изнесува $2 милијарди, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов.
„Русија денеска го презема претседателството со БРИКС, организација која ги спојува Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка“, рече рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со членовите на владата.
Путин го замоли Силуанов да ги изложи приоритетите на претседателствувањето на Русија со БРИКС.
Силуанов истакна дека самитот на БРИКС ќе се одржи во Уфа во јули и дека рускиот претставник ќе биде првиот претседавач со бордот на Банката за развој на БРИКС.
„Институцијата во зародиш ќе биде една од големите мултилатерални банки за развој. Нејзиниот основачки капитал е $100 милијарди, а минималниот $10 милијарди. Секоја земја ќе има подеднаков удел акции - 20 проценти – во капиталот на банката. Руските буџетски расходи предвидуваат удел во банкарскиот капитал и за оваа, и за годините што доаѓаат. Нашиот дел е $2 милијарди“, рече Силуанов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче