Омскиот поет Иљубај Бактибаев издаде книга што содржи само еден збор. Истата е публикувана во илјада примероци, пренесува РИА „Новости“.
Книгата под наслов „А потоа беше зборот“ го содржи само зборот „Да-а-а-а-...“ Пред и по текстот се наоѓаат само воведот и објаснувањето од авторот.
„Долго размислував за тоа и потоа почнав да забележувам како луѓето го изговараат тој збор. Некаде, нешто се случува, тие го смислуваат и велат: „Да’. Тој е краток, но во целост заменува приказна и тема. Ако го слушнеш некаде, тогаш ти текнува на што мисли човекот, се соживуваш со него“, рече Бактибаев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.