Кремљ ја коментираше првоаприлската информација за предавањето на „Мистралите“ на ЕУ: „Секоја добра шега е на место. Исто така на место е и исполнувањето на договор“, изјави Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.
Претходно изданието „Еурообсервер“ повикувајќи се на шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини напиша дека Франција има намера да ги испорача носачите на хеликоптери „Мистрал“ наменети за Русија, наместо на Русија, на ЕУ. Првиот требало да биде предаден уште во мај и префрлен во Рига. Набрзо претставник на европската дипломатија соопшти за РИА „Новости“ дека оваа информација не соодветствува на реалноста и претставува првоаприлска шега.
Русија сѐ уште очекува од Франција или да ѝ ги испорача „Мистралите“, или да ѝ ги врати парите платени за изградба на бродовите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче