Спасителите на Министерството за вонредни состојби на Русија во рамките на вежбите ќе го подигнат знамето на Победата на Северниот пол во чест на 70-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, соопштија денеска од прес-службата на министерството.
Вежбите на сибирскиот регионален одред за пребарување и спасување ќе траат од 1 до 12 април во населените места Дудинка и Диксон во Краснојарскиот крај. Активностите се посветени на „вежби за навики на вршење работи за пребарување и спасување во услови на арктичка тундра“.
Во првата етапа на вежбите спасителите ќе реализираат маршеви од 280 километри со теренски возила „во услови на арктичка тундра, усложнети од бескраен релјеф и ограничена видливост“.
Спасителите ќе евакуираат „настрадани“ со користење најнова достапна техника, вклучително и експериментална. Исто така, ќе биде вклучена и авијацијата: на Северниот пол спасителите ќе ги пренесе хеликоптер Ми-8 и авион Ан-74.
„Во финалната етапа со цел популаризација на патриотизмот и во чест на 70-годишнината од денот на Победата и 25 години од денот на формирањето на МВС Русија, на Северниот пол ќе биде поставен јарбол и на него ќе биде подигнато знамето на Победата“, изјавија од прес-службата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче