Министерот за енергија на Грција: Америка нема никогаш да ја замени Русија на европскиот пазар на гас

Mинистерот за енергија на Грција Панајотис Лафазанис смета дека руската испорака на гас за Европа нема замена, пренесува „Спутник“.

Обидите на американските власти да го зголемат уделот на своето учество на европскиот пазар на гас се само политички маневар со цел да се постигне изолација на Русија, смета министерот за енергија на Грција Панајотис Лафазанис, а пренесува агенцијата „Спутник“. 

Од гледна точка на грчкиот министер, американските испораки на течен природен гас во Европа не можат да бидат конкуренција на испораките на руски гас.

„Американскиот гас никогаш не може да го замени рускиот, ниту да ги задоволи потребите на Европа за природен гас“, изјави Лафазанис, додавајќи дека обидите на САД да излезат на пазарот на течен природен гас во Европа биле „стратешки маневар со цел да се постигне понатамошна изолација на Русија“.

Грчкиот министер истакна дека „во сферата на интересите на самата Европа“ е да ја задржи Русија како снабдувач на природен гас.  

Русија во моментов обезбедува 30% од потребите од гас на Европската унија.

Грција очекува дека после изградбата на „Турски тек“ ќе стане централен дистрибутивен јазол за природен гас во Европа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња