Во Австралија стапија на сила санкциите против Русија

Австралија ги активираше проширените економски санкции против Русија, пренесува „Лента.ру“.

Австралија ги активираше проширените економски санкции против Русија. Одлуката за санкции беше донесена уште во септември 2014 година.  Ова се вели во изјавата објавена денеска, 31 март, на официјалната веб-локација на Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија.

Санкциите, како што се истакнува, се совпаѓаат со оние кои беа донесени од Европската унија, САД и Канада, и ги дополнуваат финансиските ограничувања и забрани за патување кои беа воведени претходно.

Проширените санкции вклучуваат ограничување на извоз или увоз на оружје од Русија и материјали поврзани со нив, извоз во РФ на определена опрема за истражување и производство на нафта. Покрај тоа, ограничен е и извозот во Крим и Севастопол на определена опрема за индустриите за енергија и рударство.

Исто така, наложени се и ограничувања за економски врски со низа руски компании и забранети се инвестиции во инфраструктурата, транспортот, телекомуникациите, енергетиката, индустријата за нафта и гас на Крим и Севастопол. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња