Властите на Шпанија ги замрзнаа банкарските сметки на стотици Руси кои живеат на територијата на земјата, пишува „Дојче Веле“.
Според информациите на медиумот, причината за замрзнувањето на сметките е тоа што нивните сопственици не успеале навремено да го објаснат потеклото на својот капитал. Изданието се повикува на адвокатот Грегорио Фуентес кој појасни дека законот „за проверка на потеклото на капиталот на странци“ беше донесен во земјата уште во 2010 година.
Според него, станува збор за средства вложени во скап имот и банкарски средства. Обично властите ги замрзнуваат сметките на оние што не реагирале на барањето да достават податоци за потеклото во првите два-три месеца, објаснува Фуентес.
Адвокатот обрнува внимание на селективниот пристап на властите по тоа прашање: властите, на пример, не бараат документи од таков вид од „мигрант кој оди на работа со велосипед“. Тој потврди дека властите ги замрзнале сметките на „стотици иселеници од поранешниот СССР“, но подетални информации не можеше да даде.
Според официјалната статистика, на почетокот на годината во Шпанија живееле 65 илјади Руси.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче