Русија ја обвинуваат дека почнува „да купува влијание“ во Европската унија поради кредитот во износ од 10 милијарди евра што Москва ѝ го даде на Будимпешта. Како што истакнува британскиот весник „Тајмс“, овие средства Москва официјално ги издвои за проширување на унгарската нуклеарна централа „Пакш“.
Меѓутоа, критичарите тврдат дека ова е дел од напорите што ги вложува Москва за да „внесе раздор“ во Европската унија во контекст на најтешките судири меѓу Москва и Западот од времето на Студената војна, се наведува во статијата на „Тајмс“.
Приврзаниците на агресивната политика во Европската унија, меѓу кои се Велика Британија, Полска и балтичките земји, се плашат дека Русија сака да ги извлече земјите како Грција и Кипар од единствениот „фронт“ кој беше формиран од Брисел како одговор на потезите на Москва во Украина. Поранешниот државен секретар на Унгарија за прашања од животната средина Золтан Илеш изјави дека навистина се работи „за финансиски ангажман“ со чија помош Русија „купува влијание“.
Според информациите на Тајмс, условите за исплаќање на кредитот се сосема поволни за Унгарија: исплатата на кредитот ќе трае 21 година и ќе започне дури во 2026 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче