Руски дизајнери презентираа визуелен концепт на софистициран нов дом кој ќе може да лебди во воздух. Куќата, според нив, може да се користи и како мало летало и како летна викендичка, пренесоа медиумите.
Куќата на слободата, која првенствено е дизајнирана за таканаречените граѓани на светот, ќе може да се инсталира на кое било место во светот – во шума, на море, на брег, во планина и во урбана област, според Дмитриј Улитин и Анастасија Таратута од студиото за дизајн „Артзона.ру“ (Artzona.ru).
Сопственикот на оваа куќа ќе може да се чувствува како дома додека плови низ облаците, што за некои ќе биде остварување на соништата.
Меѓутоа, „Слобода“ си има своја цена: домот на иднината, за кој ќе бидат потребни најмалку 4 години за да се усоврши, ќе чини најмалку 6 милиони евра.
„Слобода“ е замислена како куќа која не е врзана за определено време или место. Обезбедува уникатна можност за нејзините сопственици да живеат во кој било град без да трошат пари на кирија. Од друга страна, ќе му помогне на сопственикот секогаш да биде расположен.
Аеростатичната моќ на куќата е обезбедена од боца со стабилизиран водород, како и со вертикално-хоризонтален пропелер со термален волумен. Моторите на пропелерите можат да се движат и на водород и на бензин, а во состојба на мирување служат како генератори на струја со помош на ветар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче