Русија е спремна да соработува со НАТО во борбата против тероризмот

Постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко изјави дека Москва не гледа причини кои можат да попречат да се обнови соработката со НАТО во борбата против тероризмот или во Авганистан, пренесува РИА „Новости“.

Русија е спремна да ја обнови соработката со НАТО во борбата против тероризмот и ситуацијата во Авганистан, доколку таа биде насочена кон уништување на заканите по безбедноста, изјави постојаниот претставник на РФ при НАТО Александар Грушко, пренесува РИА „Новости“.

„Доколку навистина сметаме дека соработката по прашањата за непроширување ќе ја зголемат безбедноста и стабилноста за сите нас, ние не гледаме причини кои би можеле да ни попречат да ја обновиме соработката во борбата против тероризмот или во Авганистан. Ова се прашања (за кои соработката) беше запрена со одлука на НАТО“, рече Грушко настапувајќи на конференција во Брисел.

Тој истакна дека ситуацијата во Авганистан останува еден од клучните фактори за безбедноста. „Ние немаме ништо против обновата на таа соработка, доколку таа е навистина насочена на отстранување на загриженост во сферата на безбедноста“, изјави постојаниот претставник.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.