Столтенберг ја обвини Русија дека сака да воспостави систем на сфери на влијание

НАТО се противи на воспоставување систем со сфери на влијание,изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува РИА „Новости“.

Руската страна во денешно време се обидува да воспостави систем во кој светот се дели на сфери на влијание, меѓутоа НАТО истапува против таквите иницијативи, изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг.  

Столтенберг исто така изјави дека Србија има право самостојно да реши дали ќе одржува заеднички воени вежби со Русија.

„Србија е суверена и независна земја, тие самите треба да си ги донесуваат нивните одлуки. Тие одлучиле да одржат маневри со Русија – тоа е нивно право (...). Србија исто така одржува многу воени вежби со НАТО“, изјави Столтенберг настапувајќи во Европскиот парламент.

Според него, „потребно е да се прифати дека не секоја земја сака да биде членка на НАТО, барем, брза перспектива“. „Но, потребно е да се поздрави соработката со нив“, истакна Столтенберг, пренесува РИА „Новости“

На 12 март беше соопштено дека Министерството за одбрана на Русија има намера да одржи со Србија заеднички вежби за воени пилоти во септември годинава.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.