Руските бродови „Александар Отраковски“ и „Новочеркаск“ влегоа во Средоземното море

Големите десантни бродови „Александар Отраковски“ од Северната флота и „Новочеркаск“ од Црноморската флота влегоа во Средоземното море, соопшти денеска Главниот штаб на ВМФ на Русија.

Големите десантни бродови „Александар Отраковски“ од Северната флота и „Новочеркаск“ од Црноморската флота ја преминаа зоната на црноморските теснеци и влегоа во Средоземното море, соопшти денеска Главниот штаб на ВМФ на Русија.

Ден порано ист курс зазеде и реморкерот МБ-31 на Црноморската флота, пренесува „Интерфакс“.

Овие активности се во рамките на планираната ротација на големите десантни бродови во составот на постојаната оперативна група на ВМФ Русија во Средоземното море, додадоа од Главниот штаб на ВМФ.

На 27 март беше соопштено дека големиот десантен брод на Северната флота „Североморск“ зазел западен курс во Средоземното море за демонстрација на Андреевското знаме и означување на руското воено-поморско присуство.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња