Руската страна ќе го разгледа предлогот на „Нафтогас на Украина“ за продолжување на важноста на „зимскиот пакет“, изјави пред новинарите портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.
„Нафтогас“ денеска соопшти дека испратил до „Гаспром“ писмо со предлог за разгледување на можноста за продолжување на „зимскиот гасен пакет“, чија важност истекува на 31 март, до крајот на следниот есенско-зимски период. Ова е предлог на Европската комисија, истакнаа од „Нафтогас“.
„Во дадениов случај станува збор за „Гаспром“ и Министерството за енергија. Но засега, како што знаете, не беше објавено за формирање на некаква позиција во врска со одговорот на оваа иницијатива. Руската страна ќе ја формулира својата позиција и таа ќе биде истакната“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето која е позицијата на Кремљ во врска со предлогот на Европската комисија и „Нафтогас“ за продолжување на „зимскиот гасен пакет“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче