Претседателот на Чешка го потврди присуството на 9 мај, јапонскиот премиер се двоуми

Претседателот на Чешка Милош Земан ја потврди својата намера да присуствува на 9 мај во Москва на парадата на Денот на Победата, додека јапонскиот премиер Шинџо Абе се двоуми, пишуваат медиумите.

Претседателот на Чешка Милош Земан ја потврди својата намера да присуствува на 9 мај во Москва на парадата на Денот на Победата. Тој го изјави ова во интервјуто за прашкото радио „Ф1“, пренесува ТАСС.

„Одам во Москва во знак на благодарност и признание за тоа што можеме да живееме во наша земја без да зборуваме германски, без да викаме „Хајл, Хитлер!“ или „Хајл, Хајдрих!“, истакна Земан.  

Според Земан, советските војници во 1945 година дошле во Чехословачка како ослободители, а не како освојувачи и тие што го велат обратното, немаат елементарни познавања од историјата.

Земан истакна дека ќе оди во рускиот главен град не заради парадата, некакви преговори или било што друго, туку исклучително за да им оддаде почит на 150 илјади советски војници кои загинале при ослободувањето на Чехословачка, истакнува РИА „Новости“. Без Советскиот Сојуз немаше да биде победен Хитлер, а 20 милиони жители на СССР кои загинале во војната се цената на таа победа, истакна претседателот на Чешка.

Истовремено, јапонските медиуми пишуваат дека премиерот на таа земја Шинџо Абе можеби нема да присуствува на церемонијата на 9 мај.

Официјалната одлука ќе биде доставена до руската страна кон средината на април. Евентуалното одбивање на поканата се објаснува со отсуството на прогрес во прашањето за Јужните курилски острови, кои Јапонија ги смета за дел од својата територија.

Претходно шефот на администрацијата во Кремљ Сергеј Иванов потенцираше дека Русија ќе преживее доколку некој не дојде за 9 мај во Москва. Според него, досега присуството на свеченостите во Москва го потврдиле 22 шефови на држави.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња