Воените вежби за раководење со групи авиони и ПВО со практично дејствие на трупите започнаа во Источниот воен округ, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на РФ, пренесува РИА „Новости“.
Војниците ќе одработат дејствување за групирање на трупи при одбивање на масовен ракетно-авионски удар од страна на замислен противник. Колку луѓе ќе учествуваат во вежбите не е прецизирано, но во нив се вклучени единици и елементи на противвоздушната одбрана, авијацијата, единици за врска, сили и средства за електронско војување, разузнавачки и моторизирани единици распоредени во Бурјатија, Забајкалскиот, Хабаровскиот, Приморскиот, Камчатскиот крај, како и во Амурската и Сахалинската област.
„За формирање целна средина на специјализираните полигони во Приморскиот крај и Бурјатија, каде што ќе се одржат најголемите маневри, истовремено ќе бидат активирани околу 50 различни цели, за чие уништување ќе бидат искористени средствата за ПВО ЗРК „Оса“, „Тор“, „Стрела-10“, ЗРПК „Тунгуска“, ПЗРК „Игла“ и „Врба“, ЗРК „Триумф“ и „Фаворит“, се вели во соопштението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче