Заканата на неонацизмот е реална и се манифестира во различни делови на светот, изјави во понеделникот спикерот на Државната дума, претседател на Руското друштво за историја Сергеј Наришкин, пренесува РИА „Новости“.
Претседателот на долниот дом на рускиот парламент е од 30 до 31 март во работна посета на Ерменија. Настапувајќи денеска на Руско-ерменскиот (Словенски) универзитет на конференцијата посветена на 70-годишнината од Победата во Втората светска војна, спикерот изјави дека уште малку повеќе од месец останува до 70-годишнината од Великата Победа.
„Денес гледаме дека заканата на неонацизмот е реална и се манифестира во најразлични делови на светот и Европа. На пример, едноставно боли кога знаете дека при гласањето за резолуцијата во генералното собрание на ООН, за резолуција насочена против рехабилитација на нацизмот, три земји – Канада, Соединетите Американски Држави и, за жал, сегашните власти на за нас братската Украина – гласаа против“, рече спикерот на Државната дума. Според него, тоа е богохулие во однос на милионите и милиони од оние кои го дале својот живот во борбата против тоа страшно зло.
Во декември 2014 година на пленарното заседание на 69 Генерално собрание на ООН беше усвоена резолуцијата поднесена од страна на РФ под наслов „Борба против хероизација на нацизмот, неонацизмот и други видови практика кои придонесуваат за ескалација на современи форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетрпеливост поврзана со нив“. Коавтори на рускиот проект беа вкупно 44 држави-членки на ООН од сите делови на светот. За резолуцијата гласаа 133 држави, против беа 4 делегации (Канада, Палау, САД и Украина), воздржани - 51 земја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче