МНР РФ: Недозволиво е американскиот Конгрес веќе 4 години да ја блокира реформата на ММФ

Неопходно е реформата на ММФ, која веќе четири години тапка во место поради ставот на американскиот Конгрес, да се деблокира, изјави пратеникот за посебни прашања на Министерството за надворешни работи на Русија Вадим Луков.

„Една од задачите на БРИКС е на секој начин да издејствува деблокада на реформата на ММФ која четири години тапка во место поради ставот на американскиот Конгрес. Оваа ситуација е недопустлива, ако земеме предвид дека ситуацијата во светските финансии се измени од времето кога беше основан Меѓународниот монетарен фонд“, изјави Луков, пренесува ТАСС.

Тој потсети дека ММФ беше основан од западните земји за реализација на нивните интереси. Денес, истакна дипломатот, економијата стана мултиполарна.  Во врска со тоа, постои потреба да се воведе поправична распределба на гласовите и квотите во рамките на ММФ.

Во февруари оваа година министрите за надворешни работи на Русија, Индија и Кина исто така повикаа во заедничко соопштение на реформи на ММФ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња