Медиуми: Властите на Грција ќе побараат економска помош од Русија

Владата на Грција планира да се обрати до Русија со барање за намалување на цената на гасот и укинување на ембаргото за испорака на некои видови грчки производи, пишува „Шпигел Онлајн“.

Владата на Грција планира да се обрати до Русија со барање за намалување на цената на гасот и укинување на ембаргото за испорака на некои видови грчки производи, пишува „Шпигел Онлајн“.

Според информации на изданието, владата на Алексис Ципрас ќе разговара во Москва за намалување на цената на природниот гас за грчките потрошувачи.  Освен тоа, Атина сака да дојде до подигање на руското ембарго за некои видови земјоделски производи – особено за свежото овошје, пренесува „Дојче Веле“.

Министерот за индустриска реформа, заштита на животната средина и енергија на Грција Панајотис Лафазанис и парламентарниот претставник на владејачката партија СИРИЗА Танасис Петракос имаат намера да се обратат со ова барање до руското раководство во текот на нивната дводневна посета на Москва, планирана за 30 и 31 март.

„За Грција оваа посета е многу важна. Ние имаме намера да ги продлабочиме нашите односи со Русија во енергетскиот сектор и со самото тоа се надеваме да добиеме значителни поволности“, изјави Петракос.

На 30 март грчката делегација планира да се сретне со министерот за енергија на Русија Александар Новаком и првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер. Во моментов „Гаспром“ контролира  речиси 70% од грчкиот пазар на гас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.