Военото воздухопловство на Велика Британија ги реализирало најголемите маневри во последните 13 години, во текот на кои се работело според сценарио за одбивање на „закана“ од руски воени авиони, пишува „Сандеј Тајмс“ (Sunday Times).
Воената вежба „Накренат пантер“ се одржала на 19 март, меѓутоа таа информација беше објавена дури денеска, пренесува ТАСС.
„Кралското воздухопловство почна серија маневри со одработување на борба во воздух за проверка на готовноста за секаков „масивен напад“ на противник против Обединетото Кралство“, соопштува „Сандеј Тајмс“.
„Толку големи воени вежби се одржаа во британскиот воздушен простор првпат, барем во последните 13 години“, истакнува изданието.
Според информациите на весникот, маневрите биле реализирани во врска по повод зачестените случаи на појавување на руски воени авиони во меѓународниот воздушен простор во близина на територијата на Велика Британија. Како што соопштува весникот, такви маневри под истото кодно име ќе се одржуваат во Велика Британија редовно, до шест пат годишно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче