Спротивставените страни во Јемен се обратија до Русија за помош за решавање на конфликтот, изјави за РИА „Новости“ специјалниот претставник на РФ за Блискиот Исток и Африка, заменик-министерот за надворешни работи Михаил Богданов.
Дипломатот изјави дека има контакти со сите страни вмешани во конфликтот и истакна дека Москва се залага за прекин на воените дејствија во Јемен, против ескалација на ситуацијата која може да доведе до распад на земјата, „што се случи во Либија и се случува во Сирија“.
Богданов истакна дека Русија се залага против мешање во внатрешните дела на суверените држави.
Москва ги повика страните да седнат на преговарачка маса. „Нам ни се чини дека тоа може да се направи и под покровителство на ООН, ние, се разбира, секогаш ја поздравуваме и улогата на Арапската лига, најважно е решенијата и пристапите да бидат балансирани. А не на начин на кој едната страна ќе биде поддржувана против другата“, изјави рускиот дипломат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче