Русите почнаа помалку да пијат, повеќе да спортуваат

Бројот на Руси кои редовно се занимаваат со фискултура и спорт за две години пораснал за 40%, а потрошувачката на алкохол по глава на жител за пет години се намалила за една третина, соопшти владата на РФ.

Бројот на Руси кои редовно се занимаваат со фискултура и спорт за две години пораснал за 40%, а потрошувачката на алкохол по глава на жител за пет години се намалила за една третина, се вели во материјалите на веб-локацијата на владата на РФ.

Овие податоци владата ги објави во рамките на отчетот за напредокот во промовирањето здрав начин на живот на граѓаните, вклучувајќи и популаризација на културата на здрава исхрана, спортско-рекреативни програми, превенција на алкохолизмот и наркоманијата, како и борба против пушењето.  

„Според податоците на „Росстат“, се зголемил бројот на лица на возраст од 15 години и повеќе кои не употребуваат алкохолни пијалаци (во 2011 година - 38,2%, во 2014 година - 41,6%)", - се вели во информацијата. Се истакнува дека во 2008 година се трошеле 16,2 литри алкохол по глава на жител, додека во 2013 година – 11,6 литри.

Во 2014 година со физичка култура и спорт редовно се занимавале 29,3% од Русите, додека во 2012 година бројката била 20,6% од населението, во 2013 година - 27,5%.

Покрај другото, како резултат на програмата против пушењето, се намалил и процентот на употреба на тутун. „Според податоците на „Росстат“, во 2008 година пушеле 33,7% од полнолетното население, во 2013 година - 28,3% (намалување за 16%)", - се вели во отчетот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња