Русија планира да се врати во ПССЕ

Русија планира да се врати во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) догодина, изјави Леонид Слуцки, а пренесува „Интерфакс“.

Русија планира да се врати во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) догодина. Ова во саботата, 28 март, беше соопштено од членот на руската делегација,  шефот на Комитетот на Државната дума за прашања на ЗНД, евроазиска интеграција и соработка со сонародниците Леонид Слуцки, пренесува „Интерфакс“. 

Според него, без оглед на тоа што Русија ја запре својата работа во собранието, продолжува „работата на ниво на извршната власт, во ЕСЧП, во сите институции на Советот на Европа“. „Во ПССЕ ќе се вратиме догодина. Ние имаме активна работа со сите пет политички групи“, изјави тој.

Шефот на комитетот потенцираше дека Русија нема намера да излегува од какви било меѓународни договори. „Нашите стратешки опоненти кои се наоѓаат на другата страна на океанот, пред сѐ сакаат ние да излеземе од некаде и да не ја користиме можноста што ни ја даваат меѓународните платформи за да ја спроведуваме нашата надворешнополитичка линија“, објасни тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.